Заев и Димитров на иста линија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Премиерот Заев на својот Facebook профил објави фотографии од него и министерот за надворешни работи Никола Димитров со наслов „ На иста линија“.

Ова доаѓа по шпекулациите дека се нарушени односите меѓу премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, откако грчки весници напишаа дека има поделеност во ставовите меѓу него и министерот Димитров околу преговорите за името.

Тие денеска со заедничка фотографија ја демантираа оваа информација.

Во придружба на своите сопруги, Заев и Димитров беа на заеднички ручек во Струмица.

Share.