Заев и Мицкоски за преговорите за името

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На вечерашниот ТВ дуел премиерот Зоран Заев со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повтори дека остануваат посветени да ја внесат Македонија во ЕУ и НАТО. Со самото тоа би се подобрил животот на сите граѓаните. Заев кажа дека нема патриотизам на празен стомак.

За Мицкоски пак ова не води во добар правец, и додава дека се води егзибиционистички целиот процес. Исто така, вели дека не е спасено достоинството, туку процесот е урнисан.

Заев изјави дека Владата е транспарентна во преговорите, а предлогот Илинденска Македонија го унапредува идентитетот на граѓаните.

“Транспарентни сме, гледаме само да не го нарушиме процесот. Решението Република Илинденска Македонија го гарантира идентитетот и достоинството. Република Илинденска Македонија не само што го сочувува, туку го унапредува. Не слушнав сериозни аргументи против тоа име. Идентитетот, јазикот останува. Не е лесно ова прашање и на Македонија и треба лидерство за да чекори напред”, изјави Заев.

Мицкоски реплицираше дека Заев претходно изјавил дека решението нема да го бара во уставните промени.

“ВМРО-ДПМНЕ не може да поддржи промена на Устав, нема мандат ни ВМРО ни СДСМ тоа да го направат. Заев кажуваше дека нема да преговара за Уставот на РМ. Заев за германски Шпигел изјави дека нема да го бара решението во промена на уставот. Вие Зоран сте го урнисале целиот процес на преговори. Не се водат преговори егзибиционистички” изјави Мицкоски.

Share.