Заев и Османи на прием кај Тереза Меј

0
206

На приемот што во чест на шефовите на владите на земјите од Западен Балкан, го приреди премиерката на Велика Британија, Тереза Меј денеска присуствуваа и македонскиот премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Како што информираат од владината прес-служба на одвоената средба на Заев и Османи со британската премиерка Тереза Меј и министерот за надворешни работи, Борис Џонсон, изразен бил посебен интерес за спроведувањето на реформите во Република Македонија, како и за добрососедските односи и за проектите во регионалната соработка.

Заев ја информирал Меј и за најновите активности на Владата во евро-атлантските интеграциски процеси, со посебен акцент на очекувањата нашата земја да добие препорака за отпочнување на преговорите со ЕУ, како и за очекувањата Република Македонија да биде 30-тата земја членка на НАТО во 2018 година.

Премиерката Тереза Меј и министерот за надворешни работи Борис Џонсон на средбата уште еднаш ја изразиле силната поддршка за Република Македонија во аспирациите за членство во ЕУ и НАТО