Заев и Хан во Давос: Средбата со Ципрас е многу добра вест за земјата, за регионот и за ЕУ

0
181

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска во Давос, Швајцарија, имаше средба со комесарот за односи со соседите и за проширување на ЕК, Јоханес Хан.

Премиерот Заев го информираше еврокомесарот Хан за средбата со премиерот на Република Грција Алексис Ципрас, и го запозна со остварените резултати од таа средба кои во голема мерка го придвижуваат процесот на преговорите на двете земји во однос на проблемот кој Грција го има со уставното име на Република Македонија, како и во однос на потенцијалите за ново, квалитетно, поместување на билатералните односи.

Овој значаен настан, средбата со премиерот Ципрас, е од големо значење и за поместување на евроинтеграциските процеси на Република Македонија, и ги прави многу пореални очекувањата дека 2018 година може да биде историска година за Македонија, за регионот и за ЕУ.

Комесарот за односи со соседите и за проширување на ЕК, Јоханес Хан, му го пренесе на премиерот Заев и непосредно неговиот став за средбата со Ципрас искажан веднаш после настанот на социјалните мрежи и подвлече дека средбата е многу добра вест, која покажува храброст, визија и државништво, и дека решавање на долгогодишниот спор ќе биде добро за двете земји, регионот и Европа.

Премиерот Заев на средбата нагласи дека средбата е значајна и за охрабрување на имплементацијата на отпочнатите одржливи реформи во Република Македонија, и дека ја потврдува политичката волја на Владата да ги затвора долготрајните отворени прашања со соседните земји, да ја поттикнува регионалната динамика и да биде веродостоен партнер на своите меѓународни пријатели паралелно со секојдневните остварувања и на домашната општествена сцена.

http://a1on.mk