Заев и Ципрас телефонски разговараа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска имаше 60 минутен телефонски разговор со Претседателот на Владата на Република Грција, Алексис Ципрас. Разговорот се реализираше помеѓу 14 и 15 часот, по македонско време.

За време на разговорот се дискутираше за преостанатите прашања и беа разгледани неколку идеи за решенија.

Во текот на утрешното претпладне ќе следува уште еден телефонски разговор, соопштија од Владата на Македонија.

Претходно денеска, премиерот Зоран Заев денеска изрази надеж дека многу брзо ќе биде постигнато решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција и оти тоа би можело да се случи пред Самитот на ЕУ закажан за 28 и 29 јуни.

 

Share.