Заев најави реконструкција на Владата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека ќе има реконструкција на Владата. Тој посочи и дека очекува зголемување на парламентарното мнозинство, при што ќе разговараат со сите опозициски политички партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ.

Заев по денешниот Форум за владеење на правото во ЈИЕ порача дека почнувањето на процесот ќе значи испраќање сериозна порака дека Владата има намера преку посилно и стабилно мнозинство во Собранието да носи сериозни одлуки во Македонија.

„Законот за употреба на јазиците нема ништо да промени во Македонија ниту ќе ја наруши нејзината заедничка иднина. Апелирам да се пушти законот да живее, да се почитуваат институциите, а Уставниот суд и Венециската комисија да се изјаснат по него“, изјави премиерот Зоран Заев. Според него, одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише законот е „флагрантно кршење на Уставот, но и кукавичлук“.

Share.