Заев најави референдум за името

0
865

Во дворот на Владата на РМ премиерот Зоран Заев во присуство на сите министри одржува прес и одговара на прашања по повод една година од работењето на Владата.

Премиерот кажа дека „никогаш не сме биле поблиску до решение, а пријателството меѓу двете земји и двата народа никогаш не било поголемо“.

Тој е дециден дека сè уште нема конечен договор за името, дека се договорени  принципи и начела и се работи на правно – формалиот спект на договорот. Тој најави дека деновиве ќе разговара со грчкиот премиер Алексис Ципрас на кој очекува да биде постигнат исчекор.

„Следува разговор меѓу мене и Ципрас – денес, утре, до петок, на кој очекувам да направиме исчекор. Ги следиме сите шпелулации, штом имаме информација ќе ја споделиме со јавноста“, рече Заев.

Тој не коментираше дали се уште се во игра предлозите „Северна Македонија“ и „Илинденска Македонја“. „Не би дал коментари за одредени одредници за името затоа што сме во финална фаза за можно решавање“, рече Заев.

Заев вели дека македонскиот јазик е потврден, нашиот идентитет е потврден, не е лесно ова прашање, но на Македонија и треба лидерство за да чекори напред, а не само празни зборови

Нагласи оти за името ќе има референдум, на кој граѓаните ќе го имаат конечниот глас.

– Вистинските патриоти денеска се тие што им обезбедуваат иднина на граѓаните на Македонија по решавање на спорот за името. Македонија станува членка на НАТО. Решаваме 25-годишен спор, кој земјата ја влечеше надолу, додаде Заев.