Заев на „Би-Би-Си“

0
315

Премиерот Зоран Заев на својата Фејсбук страница објави дека гостувал на британската телевизија Би-Би-Си во емисијата „Hard Talk“.

„Британската медиумска јавност го препозна развојот на настани во Република Македонија, што заслужуваат да бидат вест и внимание. Затоа дојде поканата од продуцентите на највлијателната и најгледаната политичка емисија на Би-Би-Си, Hard Talk. Одлично интервју со новинарката Зеинаб Бадави, за време на Самитот за Западен Балкан во Лондон“ вака на својот Фејсбук профил објави синиќа премиерот Зоран Заев.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како дел од своите активности за време на Самитот на ЕУ за Западен Балкан кој се одржува во Лондон, се сретна и со високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.