Заев на средба со Макрон во Париз

Вечерва имаме историски важна работна посета во Париз, на покана на Претседателот Макрон, вака објави премиерот Зоран Заев по прес конференцијата со францускиот претседател Емануел Макрон.
„Инспириран од една негова изјава пред студентите во Сорбона во која порача дека во Европа лежи нашиот идентитет и дека Европа ни дава иднина, силно верувам, дека Франција може да биде мотор на проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан.
За нас е многу важно што Франција го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, со јасно поставени стандарди и без да се губи време“ вели Заев.
Сподели