Заев: Прифатливо е име со географска одредница

0
617

По средбата со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, премиерот Зоран Заев вели дека за Македонија, прифатливо е спорот за името со Грција да се реши со ново име кое ќе вклучува геогравска одредница ако тоа е трајно решение за затворање на долгогодишниот проблем.

На ова, Жан Клод Јункер вели дека треба да се помири историјата и географијата, а тоа го направиле со многу земји, ќе го направат и со оваа. Јункер кажа дека разговарал и со грчкиот премиер Алексис Ципрас и го поддржал спорот да го решава на постојниот начин.

„Од наша страна ја афирмираме желбата за посветеност, со лидерство и одлучност да ја изодиме оваа делница. Пристапувањето кон ЕУ, влијае врз животот на граѓаните. ЕУ потврдува дека иднината на Македонија е таму, со тоа што се оддава признание за нашиот напредок. Имаме уште неколку важни активности кои треба да ги завршиме, со цел 2018 да биде историска година. Извештајот очекуваме да биде позитивен, заедно со пораката”, рече Заев.

Според премиерот, позитивниот извештај на ЕК и условената препорака ќе даде даде нов импулс. На Самитот во Софија очекуваме иновативна агенда која ќе го трасира предпристапниот пат во ЕУ. Силно сме уверени дека во јуни ќе биде донесена одлука за почеток на предпристапните преговори, од Самитот во Лондон очекуваме продолжување на Берлинскиот процес. Во разговорот со Јункер му укажав дека Република Македонија фокусот го става на нови мостови на соработка и отворен дијалог со соседите, рече Заев.