Заев со министрите Цароска, Адеми и Филипче денеска во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Битола се одржува Конференцијата „70 години-организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица со попреченост во Република Северна Македонија“.

Таа е во организација на Сојузот на специјални едуакатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија и Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“-Битола, а под покровителство на Претседателот на Владата Зоран Заев.

Сојузот на специјални едуакатори и рехабилитатори секоја година организира конференции со меѓународно учество, на кои се дискутира за релевантни теми во областа на лицата со попреченост.

Овогодишната конференција е посебна од причина што се одбележува значаен јубилеј 70 години од организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица со попреченост во нашата земја.

На конференцијата се обратија и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерот за здравство Венко Филипче.

Од името на градот домаќин поздравен говор имаше и градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

На голема радост на сите нас, во овој ден на голема прослава присустните уживаа во настапот на Филип Наумоски ученик со слушно оштетување од IV одд. во Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот“Кочо Рацин“ Битола. Тој  ја отсвири на синтисајзер Симфонија бр.9  „Ода на радоста“ од Бетовен.

На крајот беа доделени плакети и благодарници.

Share.