Заев со мотор на именден во Крушево

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Премиерот Зоран Заев на мотоцикл дојде од Струмица во Крушево, каде му беше гостин на градоначалникот Томе Христоски, по повод неговиот именден. Заев пристигнал со поголема група на моторџии и направиле обиколка низ градот, додека Христоски ги придружувал во автомобил за време на обиколката.

-Станува збор за приватна посета, и ми беше голема чест што премиерот Зоран Заев ми беше гостин на мојот именден. Го посетивме вечното почивалиште на Тоше Проески, го разгледавме градот, низ крушевските улици тој го возеше моторот, а јас бев во автомобил. Неговата посета за мојот именден беше сосема случајна, и сега на шега велам дека во иднина ќе треба и кај други градоначалници да оди на именден, да не замерат – вели Христоски.

fokus.mk

Share.