Заев: Струмичкиот карневал е доказ дека градиме мостови на соработка со Европа и светот

0
435

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев синоќа се обрати на приемот организиран од градоначалникот на општина Стумица, во чест на овогодинешниот Струмички карневал 2018.

-Ја правите голема оваа манифестација којашто оваа година е меѓу 7-те најатрактивни зимски настани во Европа и на листата на 20-те најдобри улични карневали во светот, рече премиерот Заев, кој им посака топло добредојде на гостите во Струмица од земјава и од светот.

Премиерот Заев се заблагодари за присуството на Струмичкиот карневал на претседателот на Интернационалниот борд на директори на Европската федерација на карневалски градови, на членовите на бордот, на претставниците на Владата, на локалните самоуправи, на претставниците на збратимените градови, на карневалските групи од земјава и светот: Аруба, Германија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија Албанија, на претставниците на дипломатскиот кор во земјава, на членовите на Советот на општина Струмица и на струмичкиот градоначалник.

-Овој наш Карневал претставува мост на соработка помеѓу нас и евроските градови и пошироко во светот, а преставува и доказ дека градиме мостови на соработка преку културата и традицијата со сите градови, рече премиерот Зоран Заев во обраќањето на приемот, во чест на Струмичкиот карневал 2018.

faktor.mk