Заев треба да даде согласност за договорот за името до 9 јуни?

0
411

Македонската Влада треба да даде согласност на текстот на договорот до 9 јуни. Ова е барањето што му било пренесено на премиерот Зоран Заев од страна на САД, дознава порталот МКД.мк неофицијално од дипломатски извори.

Според неофицијалните информации, со договорот што бил постигнат за пакетот Илинденска Македонија се прави „размена“ – ерга омнес употреба на новото име, а за возврат останува македонскиот јазик и идентитетот. Но прашањето било дали во заградите (nationality) и (language) ќе стои ѕвезда * со објаснување дека станува збор за словенско потекло кој нема врска со потеклото на населението во грчка Македонија со што се врши разграничување.

линк