Заев: Шаќири може многу да биде корисен ако се појават екстремисти во Танушевци

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во врска со изборот на Џезаир Шаќири за соработник во кабинетот на премиерот, Зоран Заев денеска изјави дека и тој е граѓанин на Републикка Македонија како и останатите и дека ќе работи за плата за да го нахрани неговото многучедно семесјтво и дека во врска со неговиот избор Заев нема никакви предрасуди.

„Шаќири соработувал со активисти на СДСМ. Не ги делам граѓаните на Република Македонија и верувам дека секој може да биде ангажиран, да биде соработник, советник или да даде придонес. А Шаќири и те како може да даде придонес на ова место. Тој работи за плата и верувам дека таа ќе му овозможи да се грижи за неговото многучедно семејство. И тие се граѓани на РМ како и останатите. Јас сум човек кој нема предрасуди и ги повикувам сите да немаат предрасуди како и мене. Верувам дека човекот може да помогне доколку се појават екстремисти на територијата на која живее и знам дека поголем дел од времето го поминува во Танушевци, а преку тоа чесно да заработи лебче за своето семејство“, изјави премиерот Заев.

На прашање какви квалификации поседува Шаќири и зошто не го вработил во полициската станица во Танушевци, Заев одговори дека ако човек со минато како Шаќири биде директно во полициската станица во Танушевци, тоа може да предизвика непријатни случувања.

„Знаеме дека во тој период македонската полиција се бореше против луѓе кои беа оставени во борбата против македонската полиција и тој важи за еден од командантите. Верувам дека Шаќири може да биде од помош кај премиерот“, рече Заев.

mkd.mk

Share.