Заев, Шекеринска и Османи на самитот на НАТО во Брисел

Денеска во Брисел, претседателот на Владата Зоран Заев ја предводи владината делегација составена од министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на НАТО Самитот 2021.

Ова е прв НАТО Самит на кој Северна Македонија учествува како полноправна членка и прв НАТО Самит со 30 членки.

На Самитот владината делегација ќе учествува на состанокот на шефовите на државите и влади на Северноатлантскиот совет. Покрај состанокот, владината делегација има неколку билатерални средби, после кои премиерот Заев ќе има изјава за медиумите.

Сподели