Заев: Ќе го решиме спорот со Грција до јули

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Премиерот Зоран Заев во интервју за австриската радиостаница ОРФ вели дека до јули Македонија и Грција ќе ги завршат преговорите и ќе ги затворат прашањата што се пречка за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Верувам дека ќе најдеме решение и успешно ќе ги завршиме преговорите до самитот во НАТО, кој ќе се одржи во јули“, рече Заев, кој вети дека до мај Македонија ќе има поблиска соработка со Грција.

Според Заев, членките на НАТО ќе го ратификуваат членството веднаш штом Македонија и Грција објават дека проблемот е решен. Самитот е закажан за 11 и 12 јули во Брисел.

makfax.com.mk

Share.