Заев ќе се консултира со Парламентот за предлогот на Иванов

0
198

Во врска со предлогот на претседателот Ѓорге Иванов да го кандидира Димитар Богов за уште еден мандат како гувернер на Народна банка, премиерот Зоран Заев рече дека денеска ќе одржи координација дали истиот да биде прифатен.

Заев потврди дека ќе го консултира парламентарното мнозинство од што треба да произлезе и конечен став кој ќе и биде соопштен на јавноста.