ТЕРА

REKLAMA???

ЗАЕДНИЧКА СЕДНИЦА НА ВЛАДИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И УНГАРИЈА

Денеска се одржа заедничка седница помеѓу владите на Македонија и Унгарија, на која се разгледаа и усогласија клучни прашања од заеднички интерес.

Седницата се одржа по билатералните средби на ресорните министри, кои послужија како основа за продлабочување и зацврстување на соработката.

„Во рамки на самитот остварив средба со премиерот Виктор Орбан, при што разговаравме за клучни прашања од заемен интерес, зајакнување на економската соработка, инвестициите, енергетиката, инфраструктурата и европската перспектива на Македонија“ рече премиерот Мицкоски.

Македонија и Унгарија се пријателски земји со одлични економски и политички односи и во духот на ова пријателство ја продолжуваме досeгашната соработка. Поддршката од Унгарија е значајна и за патот кон Европската Унија и верувам дека оваа наша соработка ќе биде добробит за македонскиот народ, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транпорт, Александар Николоски придружуван од министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, на денешната билатерална средба со својот колега, министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија, Јанош Лазар како и со министерот за национална економија, Мартон Наѓ.

Средбата е дел од дводневната владина посета на Унгарија и одржување на македонско-унгарскиот самит. Во фокусот на средбата беа економските политики и инфраструктурниот развој на регионот.

Македонија има силни инвестициони планови во модернизација на транспортната мрежа и во таа насока се реализираат крупни инфраструктурни проекти кои ќе ја зголемат конкурентноста на транспортот во регионот посебно на европските коридори, истакна вицепремиерот Николоски.

Тој потенцриаше дека Македонија е силно посветена на изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта и затоа огромна е важноста на поддршката на земјите од Европската Унија за реализација на еден ваков проект.

Исто така на средбата министрите разговараа и за можноста за реализација на заеднички проекти од регионален интерес, зголемување на трговската соработка и инвестициите.

Министерот исто така информираше и за забрзаните активности за реализација на крупните капитални проекти во Македонија, потенцирајќи дека средствата од заемот веќе се насочени кон општините за реализација на инфраструктурни проекти.

На средбата беа разменети мислења и ставови во делот на зголемување на билатералните и мултилатерални односи и стабилностa во регионот. Вицепрмеиерот Николоски изрази огромна благодарност за несебичноста на унгарската влада во подршката што ја овозможуваат за економско зајакнување на Македонија и за процесот на евроинтегративните процеси на земјата.

Тој исткана дека Македонија е силно посветена на европерспективите преку реформирање на значајни сегменти во судството, борбата против криминалот и корупцијата.

” Овие средби со нашите унгарски пријатели ќе донесат големи придобивки за Македонија и регионот. И веќе македонските граѓани ги чуствуваат тие придобивки. Алоциравме 100 милиони евра кон општините за нивeн развој токму преку финансиската подршка од Унгарија, а оваа година веќе 250 милиони евра се ставени на располагање исто така за проекти во општините. Имаме одлични економски и билатерални односи со Унгарија, оваа година бележиме три децении од тие односи и сметам дека тоа е плод на заедничките политики. Ова е време кога се потребни силни пријатели, а Унгарија е силен партнер на Македонија и голем подржувач во реализација на стратешките цели на земјата”- истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

На средбата двете страни изразија задоволство од досегашата соработка, потенцирајќи дека унапредувањето на односите меѓу двете земји е активност на која ќе работат и двете влади.

Денеска во рамките на Унгарско-македонски владин самит, во Будимпешта министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари конструктивна средба со унгарскиот министер за земјоделство, Иштван Наги.

На средбата се разговараше за предизвиците со кои што се соочува секторот земјоделство.

„Во текот на разговорот со министерот Иштван Наги се согласивме дека е потребно да се продлабочи соработката помеѓу двете министерства”, додаде министерот Трипуновски.

На средбата беше истакнато дека Унгарија е пријателска земја и силен поддржувач на Македонија на патот на евроинтеграцискиот процес.

„Да ја интензивираме соработката помеѓу двете институции, да се поврзат унгарските и македонските компании за поголема трговска размена на земјоделски и прехранбени производи”, додаде министерот Трипуновски, при што посочи дека фокусот на соработката со Унгарија е подобрување на одржливоста на земјоделското производство.