ТЕРА

REKLAMA???

ЗАКАНИ ЗА ПОСТАВЕНИ БОМБИ ВО МНР, ГТЦ И НЕКОЛКУ УЧИЛИШТА

Утринава на електронската адреса на Министерството за надворешни работи пристигнала електронска пошта во која се тврди дека во зградата на министерството имало поставено експлозивни направи.

Дојави за поставени бомба пристиганале изутринава и до Градскиот трговски центар и до неколку средни училишта во Скопје, како и за основно училиште во Кавадарци.

МВР соопшти дека денеска (12.12.2022) околу 08.20 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на девет училишта, како и на Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.