Законот за јазици оваа недела мора да се донесе

0
270

Премиерот, Зоран Заев, изјави  дека се очекува оваа недела да биде донесен Законот за употреба на јазиците и дека по девет месеци расправата треба да биде завршена.

„Прашањето треба да биде што поскоро затворено. Порано овие закони се носеа по самото завршување на парламентарните избори, сега дадовме девет месеци дебата. Сите кажаа се што имаа да кажат. Тоа е оневозможено уставно право на граѓаните од другите етнички заедници. Нека се донесе Законот, нека се спроведе и ќе видиме сите дека не било ништо толку тешко и трагично, туку ќе овозможи полeсно да се разбираме едни со други “ рече Заев

Тој додаде дека пратениците од парламентарното мнозинство дале уште една недела шанса за дијалог и разговор за решение прифатливо за опозицијата.

„Но оваа недела Законот треба конечно да се донесе. Чекорите ќе се движат согласно демократските процедури и ваквите прашања, кои ќе ја крепат мултиетничноста на државата, конечно ќе бидат затворени “ додаде тој.