Заладување на односите меѓу Белград и Загреб

0
146

Инцидентот со српскиот Воислав Шешешљ е црта преку која не може да се премине, рекол претседателот на Хрватскиот парламент, Гордан Јандроковиќ, по одлуката хрватската делегација да ја прекине посетата во Србија, јавува Н1 Хрватска.

Јандраковиќ тоа го изјавил по заминувањето на хрватската делегација од Белград во 15 часот.

Делегацијата на хрватското Собрание, на чело со претесдателот Јандроковиќ ја прекинала посетата во Србија, соопштено е од Канцеларијата на претеседателот на Собранието.

До ова дошло по инцидентот во кој лидерот на Српската радикална странка Војислав Шешељ, како што е наведено, упатил пцовки кон хрватската делегација и го газел хрватското знаме.