Заложничка драма во Париз

0
283

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колон објави дека киднаперот во Париз е уапсен, а заложниците се ослободени.

Тој ова го објави околу четири часа откако заложниците беа блокирани во една зграда во центарот на Париз.

Нема информации кои биле мотивите на киднаперот, ниту пак има податоци дека се работи за тероризам.

Според првичните неофицијални информации, околу 16 часот по локално време, маж зел како заложници три лица во канцеларија на приземје, и по кусо време еден од заложниците бил ослободен, но бил полеан со бензин и удрен во лицето.