Заложничка криза во Франција

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вооружен напаѓач држи неколку заложници во супермаркет во Градот Требес на југот на Франција. Француското обвинителство соопшти дека напаѓачот тврди дека е припадник на Исламска држава и дека се слушнале истрели. Неофицијално, еден полицаец е убиен, но тоа не е потврдено.

Ројтерс јавува дека има осум заложници и напаѓачот пукал во полицијата.

На терен се антитерористички единици, а францускиот премиер Едуард Филип изјави дека ситуацијата е сериозна.

Супермаркетот во кој се одигрува кризата е опколен, а полициски хеликоптери го надгледуваат. На терен се и пожарникарски служби.

Share.