Заменик државниот секретар на САД утре во Македонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Заменик-државниот секретар на САД Џон Саливан утре ќе престојува во посета на Скопје.

Саливан ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, по што ќе одржат прес-конференција во Владата на Република Македонија.

Саливан е највисок функционер на Стејт департментот кој од 2001 година доаѓа во официјална посета на Македонија.

Во Скопје планирано е Саливан да разговара за регионалните прашања, а според најавата од Стејт департментот, и да ги охрабри македонските власти да продолжат со реформите на земјата и имплементацијата на Договорот од Преспа, од јуни годинава.

Share.