Замрзнаа Нијагарините водопади

0
839

Нијагарините водопади се замрзнати како температурата да била минус 34 степени, објавија американските медиуми.

Рекордни снежни врнежи и бран на поларен студ ја погодија Северна Америка. Температурите на одредени места достигнаа рекордни минус 50 степени Целзиусови.

Северна Дакота е позната по своите ладни зими, а вчера живата на термометарот падна на минус 21 степен. Властите наложија да бидат запрени сите активности кои се изведуваат на отворено и побарано е луѓето да не излегуваат од своите домови без потреба.