Замрзнатиот терен го одложи натпреварот на У21 Македонија во Торшавн

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонската селекција до 21 година попладнево нема да ги одмери силите со Фарски Острови, УЕФА не даде зелено светло поради замрзнатиот терен во Торшавн и го одложи мечот за јуни следната година.

„Црвено-жолтите“ во рамките на петтото коло од квалификациите за Европското првенство гостуваа кај Фарски Острови, но уште вчера пристигна информација дека мечот е под голем знак прашалник.

Проблем беа лошите услови и замрзнатиот терен. Утрово делегатот и луѓето од УЕФА направија нова инспекција, констактирале дека нема услови за фудбал па натпреварот мораше да биде одложен.

Новиот термин за дуелот е јуни следната година, тогаш има простор да се вметне мечот.

Share.