Западот е за укинување на Унмик на Косово, Русија и Кина се против

0
277

Убиството на Оливер Ивановиќ и обидот за укинување на Специјалниот суд за воени злосторства на ОВК беа централна тема на синоќешната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации. Западот со нова иницијатива за промена на форматот на седницата на Советот за безбедност за Косово и за мандатот на Умник, додека Русија, Кина, Казахстан и Србија се против.

Новиот план, врз основа на кој влијанието на Унмик постепено ќе се намали и на крајот ќе се укине, беше презентиран од холандскиот амбасадор во Хрватска, Чарлс Остер, кој во неколку точки ја претстави идејата за тоа како ситуацијата во Косово ќе се дискутира во иднина во Советот за безбедност.