Запленети над 630 килограми марихуана во прав

0
276

Полицијата од албанскиот приморски град Валона, во близина на Орикум заплени 630 килограми марихуана во прав и 900 грама масло од марихуана.

Во акцијата во која биле вклучени 40 полициски службеници се запленети и пет автомобили и еден моторен чамец, а уапсени пет лица. Тројца од упасените се жители на Орикум, додека останатите тројца се жители на Валона. Тие се уапсени во близина на островот Сазан, а требало да ја преземат дрогата и да ја транспортираат кон италијанскиот брег.