Запленети 1,5 тони кокаин во Перу

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Перуанската полиција денеска запленила 1,5 тони кокаин во камион кој превезувал контејнери во пристаништето Каљао кај Лима. Дрогата требало да биде испорачана за Европа, соопштија тамошните власти.

Во полициската акција биле приведени седум членови на бандата Нинџас кои ги отворале контејнерите и во нив ставале кокаин.

Дрогата потекнува од најголемата област за производство на кокаин во земјата во долината на реките Апуримак, Ене и Мантаро, каде што оперираат комунистичките герилци кои соработуваат со трговците со дрога.

Перу е еден од најголемите производители на кокаин во светот со годишно производство од околу 400 тони.

slobodnaevropa.mk

Share.