Денеска од страна на полициски службеници од СВР Битола -ОВР Прилеп на ул. „Прилепски бранители” во Прилеп, при контрола и преглед на патничко возило управувано од 47 годишно лице од Прилеп, пронајдени се и одземени вкупно 7480 парчиња пиротехнички средства.
Од СВР Битола соопштуваат дека заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.












