Започна вакцинацијата во Битола

Утрово започна вакцинацијата во Битола во пунктот на спортската сала на медицинскито училиште. Вчера во Битола пристигнаа околу 5000 вакцини од кинеската „Синофарм“.

Во среда ќе има нова пратка, а ќе се доставуваат согласно капацитетот на фрижидерите во кои се сместуваат и каде што се чуваат вакцините.

За денеска пријавени се 910 граѓани да се вакцинираат, а досега на ситемот за вакцинација за овој пункт пријавени се околу 18.000 граѓани.

Во овој пункт во Битола како регионален ќе  се вакцинираат граѓани од Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.

 

 

Сподели