Започна културно-забавното лето во Новаци

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со  концерт на  Сузана Гавазова и  Ален Хасановиќ придружувани од  музичката група Молика Оне Бенд започна Културно-забавно Лето Новаци 2019, манифестација која по 7-ми пат се одржува во општина Новаци.

Отворањето го проследија околу илјада посетители од сите каришта од пелагонискиот регион, а  гости беа и градоначалници од пелагонискиот регион , претставници од руската амбасада, како и градоначалникот на збратимената општина Дуги Рат.


Градоначалникот Кузманоски го прогласи Културно-забавно Лето Новаци 2019 за отворено .


Во своето обраќање го истакна значењето на една ваква манифестација, која значи не само збогатување на културно- забавниот живот на сите генерации на граѓани, туку и збогатување на туристичката понуда на општина Новаци што ќе придонесе за рамномерен локален културен развој.

Во претстојниот летен период во месеците Јули и Август, општина Новаци ќе доживее вистинска културна експанзија со културни настани во повеќе населени места дури во поодалечените населени места од централното подрачје, велат од општината.

Share.