Со носење на градежни материјали во текот на вчерашниот ден започнаа активностите за обнова на планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер.

Од ПСК „Пелистер“ велат дека благодарение на поддршката што ја добија од Општина Битола ги започнаа подготвителните активности за обнова на “Копанки”, кои опфаќаат транспорт на градежни материјали до самиот планинарски дом.

Вчера во работните активности учество зедоа 20- тина членови на ПСК „Пелистер“ и неколкумина други битолчани.

Активностите за обнова на “Копанки” како што вчера соопштија, продолжуваат и денеска.
















