Започна сезоната на ски центарот „Копанки“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Од 05.01.2019, официјално, започна новата скијачка сезона во Ски – центарот „Копанки“.

Скијачкиот центар е целосно подготвен и екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски-терените. Спроведени се редовните технички подготовки и активности за почеток и тек на новата скијачка сезона, извршено е обележување на постојните патеки, а скијачките терени се подготвени со помош на машините за подготовка на скијачките патеки. Истакнуваат од Ски – центарот „Копанки“.

Во функција се ставени двете жичарници и ски – лифта во ски – центарот „Копанки“. Работното време на Ски – центарот е од 9 до 15,30 часот.
И годинава ќе важат истите цени на ски – билетите. Сезонскиот билет е 4.000 денари, дневен билет чини 300 денари, тридневен 600 денари, билет за едно возење со жичарница чини 100 денари, а тридневен пакет аранжман од три полни пансиони во хотел „Молика“ и тридневен ски – билет е по цена од 5.500 денари. Новина од оваа година е можноста на користење на услугите на снеготапкач по цена од 6.500 денари од час.

И оваа зима вистинското место за уживање во зимската идила е Пелистер.

Share.