Започна средбата на Димитров и Коѕијас во Охрид

0
255

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и неговиот грчки колега Никос Коѕијас во владината вила во Охрид ја почнаа новата рунда разговори за надминување на разликите во спорот за името.

По средбата е предвидена прес-конференција за медиумите. И двајцата дипломати во пресрет на средбата истакнаа дека очекуваат позитивен напредок во разговорите.

Коѕијас во Охрид дојде синоќа, а со Димитров прво имаа работна вечера.

Последната рунда преговори се одржа на 30 март во МНР на Австрија во Виена, каде Димитров и Коѕијас имаа средба со посредникот на ОН Метју Нимиц. По средбата, Димитров изјави дека има условен напредок во преговорите, бидејќи потешките прашања доаѓаат со одењето напред.

фото: SDK.mk