Започнуваат „Илинденски денови“ во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

1500 учесници на пет фестивалски денови ќе продефилираат на 49-то издание на интернационалниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ кој се одржува во Битола.

Со фолклор ќе се претстават групи од Мексико, Индија, Русија, Италија, Белгија, Израел, а ќе настапат и македонски фолклорни друштва.

„Илинденски денови“ е фестивал со симболично име и племенита мисија посветена на највредните човекови креации на бесценетата народна културна традиција на ансамбли од сите страни на светот. Почитувајќи ја традицијата, фестивалот стана традиција.

Во 2017 година, во Индонезија на еден од светските конгреси на CIOFF [ Council of International organizations of folklore festivals & folk arts ], фестивалот ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ станува сертифициран CIOFF Festival, со што се вбројува меѓу 100-те најреномирани фолклорни фестивали ширум светот, исполнувајќи ги строгите критериуми на оваа светска организација која е официјален партнер на УНЕСКО, акредитирана  од неговиот комитетот за чување и промовирање на традиционалната култура и фолклор кои се нематеријално светско културно наследство.

Фестивалот е финансиран од Министерството за култура, покровител е Собранието на Република Северна Македонија, а Општина Битола и градоначалникот Наташа Петровска го спонзорираат концертот за затворање на фестивалот  на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ.

Share.