Започнува реконструкцијата на Офицерскиот дом

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денеска средба на градоначалничката Петровска со екипата која ќе работи на реконструкцијата на Офицерскиот дом во Битола.

По потпишувањето на договорот во кабинетот на градоначалничката, претставниците на терен од страна на изведувачот беа запознати со почетните активности, со кои ќе започне обновата на овој значаен културно историски објект, не само за градот Битола, туку и за целата држава.

Офицерскиот дом, неговата реконструкција и враќањето на стариот сјај на битолскиот бисер, беше еден од клучните проекти за овој мандат на градоначалничката Наташа Петровска, велат од општината.

Share.