Заради дефект Демир Хисар остана без вода

0
354

Поради дефект на потисниот цевковод од бунари во село Граиште до Црпен резервоар неколку дена нема вода во Демир Хисар и населените места село Суводол, село Кутретино и село Слепче. Како што е објавно на интернет страницата на општина Демир Хисар, јавното комунално претпријатие работи на отстранување на дефектот. Од општината велат дека во текот на денешниот ден се очекува  дефектот да биде саниран.