Според информациите од Центарот за управување со кризи до утрово до 07:00 часот, на територијата на Македонија има еден активен пожар на отворен простор. Гори во Општина Македонски Брод, повеќенаменското подрачје Јасен (мешана шума)
Поради пожар, целосно е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк Јасен до Македонски Брод.











