ТЕРА

REKLAMA???

ЗАРАДИ РЕКОНСТРУКЦИЈА, ОД УТРЕ ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА “ПАНДЕ КАЈЗЕРО“

Од Општина Битола информираат дека од утре започнува реализацијата на проектот за реконструкција на канализациона мрежа и реконструкција на коловоз на улицата „Панде Кајзерот”, во должина од 390 метри.

За време на градежните активности сообраќајот на оваа улица ќе се одвива согласно одобрен основен сообраќаен проект за времена измена на режим на сообраќај.