Засилена поддршка за фирмите да исплаќаат повисоки плати

0
1048

Во рамки на седницата на Економско социјалниот совет денеска во Владата на Република Македонија се одржа заедничка прес конференција на којашто се обратија Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, Министерот за финансии, Драган Тевдовски, Претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија, Дарко Димовски и Претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров.

Премиерот Заев во своето обраќање истакна дека почитта и признанието за трудот и работата на сите работници ширум Македонија се водилки во спорведувањето на социјалните политики на Владата на Република Македонија.

„Денес, заедно со министерот за финансии, Драган Тевдовски и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и потпретседателот за економски прашања на свечената седница на Економско социјалниот совет (ЕСС) ја објавивме најновата мерка со којашто дополнително ја засилуваме спиралата на раст на платите за работниците во Република Македонија.“ соопшти премиерот Заев.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во своето обраќање потенцираше дека Владата на Република Македонија спроведува социо – економскиот дијалог и ги почитува работниците и синдикатите и работодавачите како важен предуслов за економски раст и развој на државата.

„Освен тоа што ги зголемивме платите на 90.000 работници и обесштетивме 5.000 стечајни работници, пред две недели Владата ги усвои измените на Законот за работни односи коишто исто така ги унапредуваат правата на работниците. Утврдивме прецизни договори коишто треба да потпишани од работодавачите, но со јасни критериуми и задолженија за да можат работниците да си ги знаат обврските и правата и да можат да се борат за истите. Пробната работа којашто беше утврдена на 6 месеци сега е на 4 месеци. Платата на еден приправник беше 40 проценти, сега е зголемена на 70 проценти.“ соопшти министерката Царовска.

Министерката Царовска инфомираше дека покрај овие нови измени се работи на сосема нов Закон за работни односи кој преку социјален дијалог до крајот на годината ќе влезе во владина и собраниска процедура и којшто ќе разреши и други горливи прашања и кај работниците и кај работодавачите како што се технолошкиот вишок, вработувањето на определено време и слободата на синдикалното здружување.

„Како резултат на покачувањето на минималната плата, над 90.000 вработени со полно работно време добија повисоки плати. Просечната плата во државава во месеците јануари и февруари оваа година е за 4.6% повисока отколку во истиот период лани.
Ефектите најдобро се гледаат во трите сектори кои претходно имаа пониска минимална плата. Така, кај производството на текстил, растот на плата во јануари и февруари изнесува 22%, кај облеката, 15%, додека во кожарството, 17%.“ рече министерот за финансии ДраганТевдовски во своето обраќање.

Тој потенцираше дека платите на работниците треба уште да растат и да се продолжат мерките за подигнување на животниот стандард.

„Затоа, денеска, на денот на работниците, сакам да ја претставам новата мерка која ја преземаме за да поттикнеме раст на платите.
За работник кој ќе добие покачување на платата во однос на последното тромесечје на 2017 година, државата ќе покрие 30% од тој порастот на бруто платата. Мерката ќе се однесува на работници кои имале просечна нето плата до 18.000 денари во последните три месеци на 2017 година, и тоа на работници за кои фирмата не добива друга вид на помош или ослободување. Поддршката ќе се исплаќа откако фирмата ќе ја исплати платата на вработениот. Проценките покажуваат дека околу 50.000 вработени, во околу 15.000 фирми, ги исполнуваат условите.“ соопшти министерот Тевдовски.
На заедничката прес конференција свое обраќање имаше и Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски кој изрази благодарност за соработката што Владата на Република Македонија ја покажува во однос на нивните барање за скалесто покачување на платите и за одбележување на важноста на 1 мај Денот на трудот преку одржување на седницата на Економско социјалниот совет.
Свое обраќање имаше и Претседателот на Организацијата на работодавачи на Република Македонија, Ангел Димитров информирше да првата точка на дискусија односно третиот столб на поддршка од Планот за економски раст кој адресира поддршка за малите, средни и микро претпријатија и ги повика компаниите да аплицираат по мерките и да ја искористат поддршката која ќе помогне за раст на продуктивноста и конкурентноста на компаниите.
Сите говорници во своите обраќања го честитаа 1 мај Денот на трудот со преземање обврска за меѓусебна соработка која ќе резултира со унапредување на работничките права и квалитетот на живот за сите граѓани.

„Ја користам приликата од денешната свечена седница на ЕСС да упатам повик кон сите општествени чинители за наша заедничка акција

ФИРМИТЕ – да ги покачат платите на своите работници, да аплицираат за мерките и да знаат дека државата е тука да помогне;

РАБОТНИЦИТЕ – посветени, да се вложат максимално во работата, и со својата креативност да придонесат во зголемување на продуктивноста на компаниите во коишто работат; работникот треба да е горд, зашто што носи напредок, раст и развој. Од него зависи севкупниот раст и развој на Република Македонија.

ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ – навремено и брзо да дејствуваат за исполнување на своите законски обврски и надлежности, да бидат услужни кон граѓаните; услужни кон компаниите, да ги доближат владините мерки до сите заинтересирани.

Оттука ја користам приликата да апелирам до сите компании да аплицираат за оваа мерка. Да немаат одбивност. Да се охрабрат и да ги искористат овие пари предвидени во буџетот. Државата сака да ги искористи сите пари до последниот денар. Контролите коишто ќе одат при аплицирањето ќе се однесуваат само на контрола на исполнетост на условите. Да не ги одвраќа тоа компаниите да аплицираат да ги искористат овие буџетски средства.

И трето сите ние сме овде да им служиме на граѓаните. Служејќи им на компаниите конечниот резултат ќе го добијат работниците.

Спиралата на покачување на платите ќе продолжи да расте, а ќе имаме стабилни и оджливи компании подготвени да се справат на меѓународниот пазар на компетитивноста и конкурентноста којашто секако е стратешка цел на државата“ рече Заев.