Затвореник со нож нападнал двајца полицајци

0
433

На 11.07.2018 година во 17,00 часот било пријавено дека истиот ден околу 16,00 часот во кругот на oпштата болница ,,Борка Талески“-Прилеп двајца полициски службеници со службено возило вршеле спровод на две лица  кои се наоѓаат на издржување казна-затвор во Казнено поправната установа-Затвор Прилеп). Откако затворениците завршиле со прегледите во болницата, во моментот кога еден од нив требало да влезе во службеното возило, извадил нож и почнал да замавнува кон полициските службеници и повредил двајца полициски службеници. Двете лица се вратени во затворот во Прилеп, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.