ТЕРА

REKLAMA???

ЗАТНАТА ШАХТА ПРЕДИЗВИКА ПРОБЛЕМИ НА ДЕЛ ОД НАСЕЛБАТА БАИР

Жителите од улиците Љубојно и Мукос се соочуваат со проблем со канализацијата кој се повторува и во континуитет предизвикува кај нив реакција и незадоволство. Сметаат дека општината треба да пронајде трајно решение особено затоа што се работи за мала должина на улица која , тие претпоставуваат, треба да биде реконструирана.

Жителите на улицата Љубојно викендот го минаа во непријатна миризба и страв од потенцијалната опасност по здравјето којашто е присутна со течењето на отпадна вода од канализацијата. Отпадоци довеле до затнување на најтенкиот дел, отпадот се излил, а смрдеата почнала да доминира на жешкото време . И така цел викенд.

Тука е затнат каналот,  неколкпати го крпат, можеби несоодветно, нивна работа не се мешаме во работата на Нискоградба, но, ова е фекалија што истекува, не е крпење на дупки што може да се тгрпи, ова неможе никој да оди ниту по леб, деца одат тука по улица, критично. – ни рече Ѓорги Кондински, жител на улицата „Љубојно“.

„Од четовртокот, петок, сабота, недела, понеделник денеска , пет дена – па луѓе, онде да се помини еве видете вие каков е дефекто. Ова е неиздрќливо, на овие 40 степени да одиш да шлапкаш… “ – се жалеше Ице Кондински, кој живее на десетина метри од дефектната шахта.

„Смрдеата ја осеќаме сите, еве една недела кадешто ние бараме да дојдат, не сакаа“ – вели Владо Кочанковски од улицата „Мукос“.

„Бараме да се промени целата цевка “ – рече Ѓорѓи Кондински.

На самата улица видливи се остатоци од градежен покривен материјал и чакал, но исто така се гледаат и сите досегашни интервенции што улицата ја прават несигиурна за разминување, дури и на помал автомобил со пешак.  Очигледниот проблем не е од денеска.

„Живеам на десетина метри од шахтата, пред три месеци беше овој дефект исто, дојдоа од „Нискоградба“ привремено го санираа, но, според овие денеска што дојдоа рекоа им кажале на овластени лица дека овој дефект треба итно да се решава“ -објаснуваше Ице Кондински.

 

Затнатата шахта предизвикува проблеми во домашните канализациски приклучоци, содржината се враќа наназад кога шахтата се прополнува и избива во визбите и домовите на жителите на улицата.

Владо Кочанковски од улицата „Мукос“ даде ново светло на проблемот. „Овие цевки, оваа канализација е направена пред 50 години . Се работеше, маалски канал се направи. Нагоре се направи населба двојно поголема и , неможе тој каналот да издржи треба соодветно да биде, си има стручни лица треб а да преземат нешто. “

Во Јавното комунално претпртијатие „Нискоградба“  денеска добивме потврда на дел што жителите велат. Пријавата стигнала денеска, заедо со налогот екипа да ја испита ситуацијата. Директорот Зоран Талевски не информираше дека ги добил сите информации од техничката екипа којашто се сретнала со нашите соговорници и дека интервенција се планира веќе за утре.

„Таму имаме проблем, по реакциите на граѓаните денес излеговме, го утврдивме проблемот и утре во претпладневните часови ќе почнеме со санација на проблемот на улица „Мукос“ и „Љубојно“. Таму имаше проблем пред три месеци и тогаш го саниравме и сега се јави на друго место. Утре ќе извршиме санација и ќе контактираме со Општина Битола ќе бараме трајно решение за проблемот на граѓаните. “ – вели директорот Талевски.

Освен што  Тера потврди дел од тоа што жителите на овие две баирски улици денеска зборуваа со нас, но посочи и на фактот дека за трајно решение потребно е заеднички да се настапи пред општината којашто сепак и на 40степени целзиусови има свои легални процедури.