Зачестија случаите на разбојништва во аптеки

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Аптеките се мета на кратците без разлика во кој реон се наоѓаат и во кое време се напаѓаат.Од почетокот на годината само на ниво на општина Битола се случиле 4 разбојништва во аптеки, кои како случаи се објавени на интернет страната на мвр. Последното разбојништво беше во петокот на 23 март кога околу 18.45 часот непознат сторител извршил разбојништво. Сторителот  со закана со пиштол од вработените одзел 80 шишенца (по 10мл) „метадон“, околу 2000 денари, мобилен и фиксен телефон, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.

Исто така на  14.03 околу 20,15 часот во Битола на улица „Солунска“ во аптека , непознат сторител со закана со пиштол извршил разбојништво, при што одзел околу 30.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, соопшти полицијата. Значи два случаи на разбојништво во аптека само во месец март.

Во месец февруари  сторителот со закана со пиштол го зел прометот од аптека во Битола. Тогаш информацијата од СВР гласеше

-На 09.02.2018 година во 20.45 часот во аптека на ул. „Влатко Миленкоски“ во Битола непознат сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана со пиштол од вработените ги одзел парите од дневниот промет во вкупен износ од 38.500 денари и два мобилни телефони, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

И во месец јануари имаше разбојништво.

На 27.01.2018 година околу 19,30 часот во Битола, во аптека на ул.„4-ти Ноември“, засега непознат сторител извршил разбојништво над вработената, при што одзел околу 6.000 денари. Се преземаат мерки за  пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Граганите со загриженост ги коментуираат овие настани и прашањето што и кој треба да преземе нешто за да не се повторуваат. И прашањето дали полицајци позорникари се едно од решенијата. Нивната почесто присуство на терен низ улиците на градот, сметаат дека ќе ги одврати од намерата оние кои се подготвуваат да сторат прекршок или кривично дело.

Share.