Втор ден по ред Битола е во чад од пожарот кој од вчера попладне беше активен и со кој до денеска попладне се бореа и пожарникарите и доброволците и вработените во јавните претпријатија и граѓани, а од утрово и пет „Ер трактори“ и еден канадер.
Според мерната станица на министерството за животна средина во центарот на Битола вечерва е регистрирано средно загадување на воздухот со МП 10 и ПМ2,5 честичките, а ниско загадување во индистрискиот дел на Битола.