ТЕРА

REKLAMA???

ЗАЈКОВА: ДОСТА НИ Е ОД КОЗМЕТИКА ВО ПРАВОСУДСТВОТО

Тематска конференција на Либерално-демократска партија „Секој е важен! Овде и сега“ се оджа викендов во Скопје. Се дефинираат насоките за развој на програмската платформа, а се зборуваше и на темите од областа на економијата, образованието, еднаквоста, можности за заштита на сите луѓе, ефикасен и еднаков пристап до правда.

„Наша обврска е Македонија да стане земја на европски вредности во која на граѓаните ќе им се врати довербата и надежта дека внатрешните реформи се возможни и дека тие ќе обезбедат подобар животен стандард и сигурна иднина. Либерал-Демократската партија ја презема обврската да биде гласот на обесправените граѓани“ рече претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

Таа упати јасна порака и до членовите на партијата кои имаат јавни овластувања и располагаат со парите на даночните обврзници, сите кои евентуално не ја вршеле својата должност согласно нормите и потребите на граѓаните, оние кои заборавиле или ќе заборават дека се платени од народни пари за да служат исклучиво на јавниот интерес, ќе ја немаат честа и привилегијата во иднина да го носат дресот на ЛДП.

„Свесни сме за општествените аномалии, ги слушаме пораките на граѓаните, свесни сме и за сопствените слабости и затоа преземаме конкретни чекори кои треба да ги решаваат најгорливите проблеми. Наша цел е да создадеме систем во кој кадровскиот потенцијал ќе биде распореден исклучиво по својата стручност и компетентност, а не по партиски заслуги“ рече таа.

„Доста ни е од козметика во правосудството. Граѓаните очекуваат и бараат конечна пресметка со системската корупција, која е „рак – рана“ на македонското општество, и која од независноста до денес ги загрозува темелните вредности на Уставот“ рече Зајкова.

На настанот во Македонски Народен Театар присуствуваа над илјада либерал-демократи од земјава и странство, политички партии, здруженија, димпломатски претставништва и медиуми.

На тематската конференција свои обраќања имаа и меѓународните претставници Илхан Ќучук копретседавач на АЛДЕ, Роман Јакиќ, претседател на ЛИБСЕЕН – Мрежа на либерали од Југоисточна Европа, Јохан Лиандер претседавач на ЦИС, како и Ватрослав Белан, претседател на Либерална партија на Црна Гора. На настанот присуствуваа и либералите од Бугарија, партијата ДПС и од Косово Демократската партија, како и поддржувачите Фондација Фридрих Науман.