ТЕРА

REKLAMA???

ЗА БРЗО ВРЕМЕ ЌЕ ПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА ТОПЛОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА

Директорот на ЕСМ Топлификација-Битола, Горан Козаров денеска информираше дека привршува првиот дел од првиот лот за изградба на  топлификацијата за Општините Битола, Могила и Новаци.

„Со звршувањето на оваа шахта која се наоѓа позади нас и еден од најкомплексните делови на изведбата на овој дел од цевководот, се завршува првиот дел на првиот лот и мрежата која почнува од РЕК Битола до градот 12,8 км ќе биде завршена во рок од три недели“ рече Козаров.

Козаров исто така информираше и дека дозволата за влез во градот Битола е добиена и дека за многу бргу ќе влезат со изградба на цевоводната мрежа за топлификација во градот Битола.

Нивните планови се тоа да се случи за две недели. Рече дека сите услови се исполнети и дека ќе ја информираат Општина Битола и сите институции, за да пристапат кон изградба на цевоводот.

Панот е да се поврзат 35 објекти на институции, а што се однесува до домаќинствата за тоа ќе треба да договараат работите во идниот период, првично преку поврзување на постоечките топлани во градот.