„За Вас“, нова песна на Никола Зацески

Најновата песна на младиот и талентиран Никола Зацески е со наслов „За Вас“. Оваа песна Никола ја промовира после „Мојот пат“, „Срцето мое тука чука“, и по одличната преработка на „Лихнида“.

Музиката и аранжманот се дело на познатиот Николче Мицески, текстот го потпишуваат Никола заедно со одличната Весна Малинова, а е снимено во студиото „XL“ на Дејан Момироски.

Песната може да ја слушнете на следниот линк:

Песна по песна, скромно и ненаметливо, младиот пејач Никола Зацески ја гради својата музичка кариера по враќањето од Австралија во Македонија. 

Инспирацијата во оваа песна е љубовта кон семејството.

„Живеењето неколку години надвор од Македонија разбудија уште поголеми емоции кон мојата татковина и родители (фамилијата), па од таму моите први песни се инспирирани од нив“, вели младиот Зацески.

Видеото е на Никола Митревски, кој се потишува како режисер на видеоспотот.

Сподели