ТЕРА

REKLAMA???

ЗА ВЕЛОСИПЕДИТЕ, НИВНАТА УПОТРЕБА И ИНФРАСТРУКТУРАТА

Во зависност од тоа на која хемисфера од Земјата живеете, светот денеска (и вчера)  го одбележува меѓународниот ден на велосипеди.  Се подигнува свеста за поволностите кои ги дава возењето велосипед врз здравјето на луѓето и животната средина, се влијае врз креаторите на политики во заедниците да создадат добир услови за коегзистенција на учесниците во сообраќајот – пешаци, велосипеди, мопеди и автомобили без запрежни возила и животни кои ги влечат.

Во текот на изминатата скоро деценија има значителен пораст на луѓето кои го користат велосипедот како превозно средство, за одмор, спорт, па дури и за патувања со велосипед. Не само поради таа причина, туку и поради политиките поврзани со еколошки и здравствени прашања, инвестициите во оваа област значително пораснаа во последните години во Португалија, како и во Европа и малку низ целиот свет.  На мапата се гледа EURO-VELO европската мрежа на велосипедски патеки која е во полн развој.

И во Македонија, Битола има се поголем број велосипедисти – луѓе кои од една дестинација до друга се движат на велосипеди.

„Луѓето приморани од немање доволно финансиски средства бараат начини како да заштедат така што пешачењето и возењето точак се опција кон која прибегнуваат меѓутоа од друга страна опасноста којашто демнее од зголемениот наплив на возила во урбаното градско јадро е сериозен ризик“ – вели Виктор Илиев, објаснувајќи дека низ светот има позитивна пракса, дека до 5 километри во урбана средина велосипедот е најбрзото средство доколку локалните власти направат услови за тоа.

Виктор Илиев е еден од основачите на иницијативата „Битола на Точак“ и заедно со група граѓани во деценијата што изминува ги организираа т.н протестни возења на „критична маса“ кои на политичарите им ја ставија агендата за велосипедски патеки.

„Сите кандидати за градоначалници и од сите советнички листи јавно и во своите програми вградија поддршка за вело агендата во град Битола, но ситуацијата на терен не е охрабрувачка и во Советот не гледаме сите тие советнички групи да се едногласни во поттикнување на вело-агендата или да даваат различни иницијативи. Оти, Вело агендата не значи ексклиузивно право само за поттинување на возење на точаци во градот да правиме туку едноставно да биде повеќе фокусиран на луѓето отколку на колите. Секакви други иницијативи може да одат за поттикнување на пешачење, зелени зони пешачки зони итн.“ ,вели Илиев.

 

Од 2017 година досега идеите се ставени на проектната хартија на градежници и архитекти и на хартија за ексел табели на економистите, испратени се пред советниците од Советот, но, реализацијата, барем досега изостанала. Генералната идеја е грижата за луѓето, нивните потреби според степенот ранливост во сообраќајните правила, а не според битолските кабадајски потреби за влез со се автомобил или мопед или велосипед „до пред врата“.

„Ние тоа што очекуваме во најбрзо време што е можно Општината да дојде со нов план, има усвоено еден таков за голем број еднонасочни улици, за помал пристап на возилата до урбаното градско јадро. Друга иницијатива којашто помина, а беше иницирана од нас за плоштадот „Гоце Делчев“ да не биде паркинг туку пак плошдат да си биде, се усвои со консензус и еве си седи во фиока неколку години.“ вели Илиев.

На оваа Евро-Вело мапа Битола ја нема, иако велосипеди на централната пешачка зона има – до половина од Широк Сокак. Дали наметнатите норми напишани на хартија за закон, градоначалнички указ или Одлука на Совет може да го променат однесувањето или пак само граѓаните со своето одноесување може да влијаат врз одлуките и процесите?

Европските земји падот на продажбата на велосипеди за 21% го дочекаа како важна вест за своите економии, затоа што како и автопатиштата и велопатеките имаат своја пропратна инфраструктура – хотели,хостели, центри за поправка, дуќани за изнајмување, за гуми лепење.. можеби и затоа 3 односно 4 јуни, во зависност на која хемисфера од Земјата живеете се одбележува денот на велосипедите.